ИЗБОРИ

Семејство на починат кој бил заразен со КОВИД-19 одбива комуникација со епидемиолозите

НАШ ПРЕДЛОГ

Малолетник прободен со нож во Чаир

Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож синоќа околу 22:10 часот во парк во скопската населба Чаир.

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар...

Пронајдени 32 мигранти откако товарното возило удрило во неколку автомобили – повредени 8 лица

На 07.07.2020 во 11.50 часот од ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило...
- Промо -

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

Многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на давањето на податоци за тие контакти и присутни на самиот чин на погребот, рече Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот случај на еден починат, за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погребан, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.

– Ова е сериозен проблем за епидемиолозите. Во насока на тоа, секаде каде што епидемиолозите и Државниот санитарен и здравствен инспекторат има потреба го известува Министерството за внатрешни работи, рече Филипче.

- Реклама -

Во однос на работата на угостителските објекти, министерот Филипче потенцира дека протоколите се јасни. Додаде дека се укажува на тоа оти треба да има сосема мал број на гости и да се запазат принципите на овие препораки.

– Очигледно дека поголем број граѓани не се свесни за сериозноста на проблемот и вирусот, дали не се плашат од болеста или мислат дека на нив не може да им се случи, меѓутоа многу луѓе заболеа и починаа. Сериозна е болеста. Ние успеавме да го изамортизираме ударот, не се преполнија болниците. И можеби затоа се нема вистинската слика за тоа што се случуваше во некои други земји, рече Филипче.

Апелира дека суштината во натамошната борба е почитување на мерките и така да го вратиме постепено животот во нормала.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар од 72 часа за сите...

Пронајдени 32 мигранти откако товарното возило удрило во неколку автомобили – повредени 8 лица

На 07.07.2020 во 11.50 часот од ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „рено мастер“, со кочански регистарски...

Австрија со предупредување да не се патува во Бугарија, Романија и Молдавија

Австриските власти ги предупредија граѓаните да не патуваат во Бугарија, Романија и Молдавија поради ширењето на новиот коронавирус во тие држави.

Српски туристи позитивни на Ковид-19 во карантин и во болница во Грција

Најмалку тројца српски туристи се во карантин, а двајца во болница, додека летниот одмор го поминуваат во Грција, односно на Халкидики и...