Секојдневното консумирање на пржена храна го зголемува ризикот за рана смрт

Ако секојдневно јадете една или повеќе порции пржена храна, имате поголем ризик од рана смрт предизвикани од кардиоваскуларни проблеми.

На штетните ефекти од прекумерно консумирање на пржена храна веќе долго време се предупредува, а негативните ефекти се зголемен ризик од развој на дијабетес, срцеви заболувања и дебелина.

Истражувачки тимови на Универзитетот во Ајова и Универзитетот во Вашингтон истражуваа како пржената храна влијае на жените во постменопауза. Тие испитуваа повеќе од 100.000 жени на возраст од 50 до 79 години. По земајќи ги предвид другите фактори на начинот на живот, истражувачите заклучија дека секојдневното консумирање на пржена храна е поврзана со прерана смрт предизвикана од проблеми со срцето.

Иако во истражувањата учествуваа жени на возраст од 50 до 79 годин, истражувачите тврдат дека ови резултати може да се применат и на други групи на луѓе, без оглед на возраста или полот.

Оние кои преферираат пржено месо и често го консумираат, ризикот од предвремена смрт се зголемува за 13 отсто, додека за љубителите на пржени риби, ризикот од предвремена смрт е нешто помал и изнесува околу 7 проценти.

Извор: KOKTEL.mk