Седницата за Законот за ЈО утре во 11 часот, закажани седници за разрешување на Мизрахи и за распуштање на Собранието (ФОТО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска обелодени дека се закажани две собраниски седници, и тоа за разрешување на член на Влада (Рашела Мизрахи) по барање на премиерот Оливер Спасовски, и за распуштање на Собранието.

136-тата седница за разрешување на Мизрахи ќе се одржи за утре во 15 часот, а за распуштање на Собранието на 16 февруари во 12 часот.

Утре продолжува 135-тата седница за Законот за ЈО. Пријавени за расправа се пријавиле повеќе од 30 пратеници по оваа точка, образложи претседателот Џафери, и притоа упати критики до одредени пратеници кои комуницирале со него преку социјалните мрежи.