Се заострува „битката“ за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се извини за политиките на дел од претходното раководство

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Синоќа Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа уапсени неколку дилери на дрога во Кичево....

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку...
-Реклама-

Христијан Мицкоски го искористи денот на прославата на двата Илиндена, заедно со честитката да се дистанцира јавно од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој обраќајќи се од Ташмаруниште јавно се извини за дел од претходните високи личности на партијата и остро ги нападна сите оние кои од него бараат да си замине од челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ поради изборните резултати.

„Оние кои се товар на ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека јас, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза.“, рече Мицкоски.

- Реклама -

Во изјава на Мицкоски прв се препозна поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски кој му порача дека се однесува срамно и тоа на денот на празнувањето на Илинден.

„Кога сите треба да се обединиме, ти пак посебна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка и посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Коневски.

- Реклама -

По завршувањето на изборниот процес, во кој ВМРО-ДПМНЕ со два мандати помалку ги загуби изборите, голем дел од членовите на партијата кои со претходното раководство беа на видни позиции се погласно почнаа да бараа оставка на Мицкоски. Покрај Конески, преку фејсбук страната што неодамна ја отвори одговорност бара и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков кој неодамна му напиша дека неговите грешки ги плаќа ВМРО-ДПМНЕ. Митко Јанчев пак најави дека тој ќе ја преземе партијата, а остри критики доаѓаат и од екс министерот за здравство Никола Тодоров.

- Реклама -