Се утврдува дали коронавирусот бил присутен и за време на сезонскиот грип – „Тестовите веродостојни, ќе се користат и за сезонски грип“, вели Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со Ковид-19 и натаму расте. Во последните 24 часа се регистрирани 68 нови случаи со што бројот на активни заразени лица достигна 753, а вкупната бројка на луѓе чии тестови биле позитивни од почетокот на емидемијата во Македонија е 828.


Најмногу случаи има во Куманово – 18 и Скопје – 15. По нив следат Прилеп со 14, Струга 10, Велес 6 и Тетово 2. По еден случај има во Битола, Гостивар и Кочани. Нови жртви нема, а со тоа бројот останува 34.

Во Македонија се тестира присуството на коронавирусот и кај починати лица и има случаи чии резултати се позитивни. Ова го актуелизира прашањето дали се веродостојни тестовите кои се користа во земјава? Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ниту еден тест не може да биде 100% точен.


Присуството на Ковид-19 ќе се тестира и од брисеви на болни од сезонски грип, извести епидемиологот Жарко Караџоски. Целта е да се утврди сомнежот дали Ковид-19 бил присутен во земјава во екот на сезонскиот грип.


Според најавите случаите со сезонски грип повторно ќе се тестираат за Ковид-19. Како што појаснуваат од Институтот за јавно здравје, ова ќе се прави бидејќи кога се испитува присуство на Ковид-19 нема потреба да се испитува присуство и на друг вирус. Од февруари до сега во земјава се дијагностицирани 828 случаи на Ковид-19. Од нив 34 починале а 41 лице е излекувано.