Се уредува северната страна на кејот на реката Вардар

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Град Скопје денеска започна да го уредува просторот на северната страна на кејот на реката Вардар. Екипите на градските претпријатија работат на подигнување на зеленилото, уредување на патеките и осветлувањето, како и евентулана санација на постоечката велосипедска патека.

- Реклама -

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека овој проект Градот нема да го чини пари со оглед на тоа што станува збор за ангажирање на потенцијалот којшто го има во рамките на редовното работење на градските јавни претпријатија.

- Реклама -

– Сметаме дека некако чудно беше запоставена оваа страна на регулираното корито на реката Вардар и токму  поради таа запоставеност во неколку наврати имавме и акции на чистеење мини депонии коишто таму се создаваат. Така што ќе биде предмет на целосно уредување и ставање во целосна функција онака како што граѓаните знаат да ја користат другата страна, ќе ги изедначиме и по квалитет на инфраструктура и по квалитет на можности кои што ќе им се нудат на граѓаните, а истовремено ќе го засилиме и инспекцискиот надзор, нагласи Шилегов.

- Реклама -

Тој посочи дека во проектот е вклучена и УНДП со поставување урбана опрема, односно корпите за отпадоци коишто недостасуваат од оваа страна на реката.

– Откако ќе се заврши целиот тој проект, Скопјани ќе добијат еден нов добро уреден јавен простор. истакна градоначалникот на Град Скопје.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан се заблагодари за соработката со Град Скопје и рече оти на тој начин може да се демонстрира дека природата и луѓето можат да коегзистираат заеднички.

Во оваа ситуација сметавме дека е добро да обезбедиме побезбеден, позелен начин на превоз преку обезбедување велосипедски патеки.  По чистењето ние нема да запреме тука, ќе продолжиме со соработката, ќе ги консултираме луѓето да ни дадат идеи за тоа како најдобро може да се искористи овој коридор од двете страни на реката на најдобар начин за сите луѓе,  посочи Сахакиан.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...