Се случи најдолгиот лет во историјата, траеше безмалку 19 часа, и помина 15.348 километри

Авионот „Ербас А350-900УЛР“ на компанијата „Сингапур Ерлајнс“, денеска го имаше својот најдолг лет во историјата на комерцијалните летови. Полетувајќи од аеродромот „Чанги“, мина неверојатни 15.348 километри, а во воздухот беше точно 18 часа и 45 минути, пред да слета на американско тло во Њујорк.

Компанија ја обнови оваа рута после пет години откако беше укината поради неисплатливоста и превисоки цени на нафта.

На новата линија нема места за економска класа, туку само за бизнис и премиум економска класа. Цената за овој лет чини 2.155 долари.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!