Се слави Курбан Бајрам – Скопски муфтија: Да водиме грижа за здравјето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Верниците муслимани во Скопје, но и во целиот свет денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Нешто пред 6 часот утрово, верниците пристигнаа во џамиите за да ја обават молитвата за Бајрам која почнува во 06:10. Почитувајќи ги препораките на Исламската верска заедница за заштита од Ковид-19, голем број верници молитвата ја извршија во дворовите на џамиите. Скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили дојде неколку минути пред почетокот на молитвата.

За разлика од претходните години, годинава централната манифестација за празникот беше откажана.

„На сите муслимански верници под ова небо им го честитам светиот празник Курбан Бајрам, со молба до семоќниот Господ на сите да им даде здравје, убавина и бериќет во животот на нивните семејства. Овој Бајрам ќе го поминеме поинаку до претходните, ставајќи акцент на грижата дека треба да го чуваме нашето и здравјето на другите. Со среќа нека е и само среќа да ве следи“, истакна Ќенан ЕФ. Ислаили.  

Меѓу пораките и молбите, верниците посакаа здравје и што поскоро да помине пандемијата на коронавирус.

Граѓанин: Им го честитам Курбан Бајрам на сите муслимански верници и дај Боже што поскоро да помине оваа пандемија и да се вратиме во нормала.
ТВ21: Како помина молитвата?
Граѓанин: Добро, сѐ беше во ред. Држевме дистанца и носевме маски.

„Мојата порака е што поскоро да помине оваа пандемија и животот да ни се врати во нормала“, вели граѓанин.

Муслиманите ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, познат како празник на жртвата. Овој празник кој трае неколку дена, е еден од двата најважни празници во исламската вера.

На овој ден се одбележува волјата на пророкот Ибрахим да го жртвува својот син, според божјите заповеди. Муслиманите традиционално принесуваат жртва – курбан и им ја делат на сиромасите. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите што отишле во Мека, кој годинава помина под посебни мерки поради Ковид-19.