Се појави нова аудио снимка – објавувачот вели дека се работи за Заеви

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нова аудиоснимка денеска е објавена и на нов јутјуб канал „Вице мафијашот“. Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли“.

На почетокот од аудиоснимката се наведува дека разговорот наводно е меѓу Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест и Горан Димовски – Тушникот од Битола.

Во снимката се слуша како лицето кое е претставено како Тушникот вели дека овие денови на Чаки, за кој вели дека е главен во ВМРО, ќе му се запали колата , бидејќи „многу ја претерал“, а додава и дека не е само Чаки, туку има и други кои ќе ги среди, за тоа му е дадено зелено светло.

Во продолжение на разговорот, Тушникот раскажува дека во Струмица заработил 30-40 илјади евра преку некој адвокат каде извадиле човек од притвор, за што добил и скап часовник како награда.

Во објавениот разговор се споменуваат и лицата Вице и Трајче за кои авторот потенцира дека станува збор за членовите на семејството Заеви.