Се подготвува нов закон во Унгарија: Кој ќе роди четири деца, ќе биде ослободен од данок

Жените во Унгарија кои имаат четири или повеќе деца, доживотно ќе бидат ослободени од плаќање данок. Ова е новата мерка која ја најави премиерот Виктор Орбан, а ја пренесе „Би-Би-Си“.

Орбан порачал дека со ова се брани иднината на земјата без зависност на миграциите. Исто така Унгарија како дел од мерките за зголемување на иселувањето од земјата, ја предлага да на младите парови им се даваат кредити во висина од околу 32.000 евра без камати, а паровите кои ќе добијат трето дете, да не мораат да го платат остатокот од кредитот.