Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се огласија по повод изјавата на Христијан Мицкоски после Централниот комитет на партијата. Тие го нарекоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ лош глумец.

„Христијан Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст.

Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Се уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот“, соопштија вечерва од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.