Се одбележува светскиот ден на дијабетесот под мотото: Дијабетесот го засега секое семејство

Со цел да бидеме дел од светското одбележување на денот на дијабетесот, Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, организираат рекреациона активност (пешачење) на кејот на реката Вардар на 11.11.2018 – недела.

Настанот започнува во 11.30 часот на стазата на кејот на Вардар, на ниво на „Жабарот“.

Организирано е мерење на гликемии (шеќер во крвта) пред и после пешачењто, за да се потенцира важноста на физичката активност и само-контролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот. Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот (на македонски и албански јазик) и маичка за секој учесник.

Ги повикуваме сите заинтересирани да дојдат заедно да го одбележиме овој ден, со цел да ја зголемиме свесноста за дијабетесот во Македонија. Поканата е до сите лица со дијабетес, сите кои имаат член на фамилијата со дијабетес и сите кои сакаат да бидат дел од овој настан.