Се очекува да биде поднесено барање до ОБСЕ за набљудување на изборите, најави Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најверојатно денеска или утре ќе биде поднесено барањето до ОБСЕ од страна на Министерството за надворешни работи, кое е и надлежно да побара набљудувачка мисија за време на изборите, истакна претседателот Стево Пендаровски, кој додаде дека не може да очекуваме ОБСЕ, во време на пандемија да функционира исто како лани или преклани.

– За ОБСЕ немам никаква информација дали е поднесено барањето, имаше информација дека најверојатно денеска или утре би можело тоа да биде поднесено. бидејќи Министерството за надворешни работи е надлежно да побара набљудувачка мисија. Тука има разни шпекулации во кои јас не би сакал да навлегувам колку време реално во време на пандемија им е потребно на ОБСЕ/ОДИХР да покријат одредена земја. Имаме држави кои во моментов имаат закажано избори, на пример Полска, Хрватска, Србија и да не навлегувам во шпекулации каков тип на мисија имаат, бидејќи тоа се разликува, рече Пендаровски.

Тој појасни дека и лидерите се согласни околу тоа оти ние не може да очекуваме во време на светска пандемија мисијата на ОБСЕ ОДИХР да биде иста како претходните години, бидејќи како што рече, не може со ист потецијал даделува и во делот на краткорочни и во делот на долгорочни набљудувачи.