Се дискутира за отворање на границите – Хасани: Наскоро на кафе во Приштина без ПЦР тест

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Наскоро, кафе во Приштина! #без ПЦРтест“

Ова е денешниот Фејсбук статус на заменик министерот за здравство Илир Хасани, но во интервју за ТВ21 не даде конкретен датум кога ќе се случи такво нешто. Тој рече дека Комисијата за заразни болести дискутирала за забрзување на процедурите за укинување на ПЦР тестот со земјите од регионот, но според Хасани се уште нема конечно мислење.

„Во Комисијата за заразни болести денеска е дискутирано за забрзување на постапките за укинување на тестот. Не е точно дека Комисијата дала конечно мислење да се укинат тестовите но е дискутирано дека тестирањето врз база на сите епидемиолошки параметри и врз основа на сите други социо-економски параметри е дискутирано дека ќе треба да се разгледа повторно на многу сериозен начин укинувањето на ПЦР тестот за патување во земјите од регионот“, истакна Илир Хасани.

Хасани уверува дека како Министерство прават максимум за отворање на границите без ограничувања и тоа од три причини, економски, социјални и поради тоа што епидемиолошката состојба кај соседите е иста со нашата.

„Епидемиолошките параметри покажуваат дека немаме големи разлики со Косово и соседните земји во врска со бројот и сето тоа морално не’ обврзува и во својство на функцијата како заменик министер да му дадам приоритет на ова прашање оваа недела, следниве денови“, посочи Илир Хасани.

И Александар Стојанов, член на Комисијата а заразни болести рече дека е за отворање на границите но дека граѓаните од сите земји од регионот треба да ги почитуваат антиковид мерките.

Во меѓувреме според заменик министерот Хасани следните месеци не се очекува воведување карантин бидејќи здравствениот систем е стабилен и подготвен за справување со поголем број заразени.