НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Се демонтира мобилната болница во кругот на Инфективната клиника

НАШ ПРЕДЛОГ

Бугарската амбасада донираше опрема во Клиничка болница-Битола

Клиничка болница-Битола доби нова заштитна опрема изработена по најсовремена технологија, донација од Генералниот Конзулат и Амбасада на Република Бугарија.

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана...

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка – на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават...

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.

Мобилната болница „Role 2“  добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

- Реклама -

„Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија“ – смета Министерот Венко Филипче.

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со ковид-19 во земјата. 
Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана насилна смрт, а во извлекувањето...

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка – на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Соодветните...

Тачи го поздрави изборот на новата косовска Влада

Претседателот на Косово, Хашим Тачи им честита на пратениците во косовското Собрание за изгласувањето на новата Влада, која ќе ја води Авдулах...

Куќата на Хитлер ќе биде пренаменета во полициска станица

Куќата каде што е роден нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, во Браунау, западна Австрија, ќе биде пренаменета во полициска станица. Министерството за внатрешни...