СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Воз удри во автомобил кај Тетово

Воз вечерва удри во автомобил во близина на Тетово, јавува дописникот на ТВ21. Во...

Земјотрес со епицентар во источна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана...

Цариниците во Тетово слушнале гласови, па пронајдоа 10 мигранти во камион

Околу 12 часот напладне, царински службеник на тетовскиот царински терминал, при рутинска проверка слушнал гласови кои доаѓале...

Од СДСМ со реакција по повод прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој ја коментираше одлуката струјата да поскапи. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема кребилитет да зборува за енергетиката, бидејќи во нивно време струјата поскапела за 100%.

- Реклама -

„После сите штети што ги нанесе врз енергетскиот систем, преку расипничките и криминални проекти, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за енергетиката.

- Реклама -

Додека ВМРО-ДПМНЕ владееше, а Мицкоски му беше советник за енергетика на Груевски, цената на електричната енергија порасна за 100 отсто, евтината тарифа на струјата беше укината, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

- Реклама -

За разлика од нив, СДСМ во изминатите 3 години направи сериозни реформи во енергетиката. Се покажа дека реформскиот процес во енергетиката за заштита на потрошувачите, транзицијата на замена на јаглен со сонце- на обновливите извори на енергија и правото на избор се единствениот вистински пат кој гарантира отпорност на енергетскиот сектор и во вакви нови околности.

Одлуката за корекцијата на цената на струјата е донесена од страна на независно, професионално тело, Регулаторната комисија за енергетика, за да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби предизвикани од последиците на коронакрозата.

За да се заштитат граѓаните, евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега. Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невработените лица кои најмногу ја користат оваа мерка.“, велат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со епицентар во источна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Цариниците во Тетово слушнале гласови, па пронајдоа 10 мигранти во камион

Околу 12 часот напладне, царински службеник на тетовскиот царински терминал, при рутинска проверка слушнал гласови кои доаѓале од товарен камион. Луѓето кои...

До трето одделение со физичко присуство – другите ученици ќе учат од дома

Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од 1 септември да се вратат во училишните клупи. Другите...

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20. 930,922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797,055 луѓе.