СДСМ: Секој кој се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата; ВМРО-ДПМНЕ: Трагикомично е СДСМ да зборува за судство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ низ соопштение истакна дека ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на судската такса за осум пати.

„СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните.

Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари.

Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки  поради високите судски трошоци.

Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните“, соопштија од СДСМ.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнаа дека е „трагикомично“ СДСМ да зборува за судство и за правда.

„Трагикомично е кога СДСМ говори за подобро судство во Македонија.

Во време на СДСМ судиите носат селективни одлуки во корист на Зоран Заев.

СДСМ досега во своите соопштенија не одговорија на јавноста кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев.

Граѓаните со СДСМ на власт од ветени реформи добија криминал, мафија и корупција.

Заев ја користи својата положба за да се пресметува со неистомислениците преку судот, монтира случаи и избира подобни обвинители и судии.

Од оваа влада државата единствено доби судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.