Салата со црвен компир

Оваа интересна салата од компир е спој на крцкави и меки состојки. Како резултат добивате многу вкусен додаток на секое јадење.

Потребно е:
1 кг исчистен млад црвен компир
6 јајца
450 г сланина
1 кромид, ситно сечкан
1 целер, ситно сечкан
1/2 кг мајонез
сол, црн пипер

Подготовка:
– Во сад на рингла загрејте вода и сол. Ставете ги исчистените компири и варете ги 15-тина минути малку да омекнат. Исцедете ги и ставете ги во фрижидер да се изладат убаво.

– Јајцата ставете ги да се варат. Треба да бидат тврдо варени. Оставете ги да се изладат, па излупете ги. Исечкајте ги на парчиња.

– Парчињата сланина пропржете ги на масло во тава на рингла додека не станат крцкави. Ставете ги малку на кујнска хартија да се впие маснотијата и потоа со рака искинете ги на помали парчиња.

– Исечкајте го на парчиња и изладениот компир.

– Во еден подлабок сад измешајте ги сите состојки. Додадете го мајонезот, сол и црн пипер по вкус.

– Пред да ја послужите ставете ја салатата 1 час во фрижидер убаво да се излади.