Сѐ уште течат преговорите Заев-Касами, седницата за уставни промени на „stand by“

Сѐ уште течат преговорите помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса Биљал Касами за договор околу уставните измени. Седницата за уставни промени веќе трет ден постојано се одложува поради немањето 2/3 мнозинство кое ќе даде зелено светло на уставните промени кои како предлог до Собранието ги достави Владата.

Денеска во 12 часот требаше да продолжи седницата во салата „Македонија“ но, спикерот Џафери повторно ја одложи, овој пат за во 15 часот.