Сѐ уште се чека Вербалната нота од Грција

Сѐ уште не е пристигната Вербалната нота од Грција до Македонија, со која нашиот сосед ќе ја извести нашата земја дека е ратификуван Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Од Министерството за надворешни работи за ТВ21 најавија дека денеска во попладневните часови се очекува да пристигне, но до овој момент не е пристигната потврдуваат од министерството иако некои медиуми објавија дека нотата е пристигната.

По пристигнувањето на нотата, треба да се објави во Службен весник, а потоа ќе започне и примената на новото име – Република Северна Македонија.

Денеска од Владата беа отстранети буквите “Република Северна Македонија” и се очекува да биде поставен нов напис кој ќе биде со новото име, имплементирајќи го Законот за јазици.

Како што потврдија за ТВ21, на граничните премини пристигнати се новите табли, но се чека објавувањето на новото име во Службен весник.

ЈОВИЦА ПАУНОСКИ