Русковска: Обвинетите од 27 април имаат предложено преку 300 сведоци секој од нив

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска по првото рочиште за организаторите на 27 април, кое се одложи поради тоа што одбраната побара увид во доказите, рече дека секој од обвинетите предложил преку 300 сведока.

„Секој од обвинетите предложи до Судот преку 300 сведока секој од нив. Сметам дека Судот не треба да ги земе во предвид сите сведоци“, рече Русковска.