Русино за затвора и за Гостивар, изјавата на Нуредини неприфатлива за демонстрантите

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Вчерашната изјава на министерот за животна средина, Насер Нуредини – дека депонијата Русино уште неколку години ќе остане таква каква што е, го вклучи алармот во Движењето „Стоп Русино“. Активистите од ова движење денеска ја блокираа депонијата и не дозволија камионите на Комуналното претпријатие на Гостивар да го истоварат отпадот. Бараат во вторник во Општинскиот совет на Гостивар да не помине точката од дневниот ред за основање на Претпријатие за управување со Русино, бидејќи како што велат, ќе паднат во вода нивните барања за затворање на депонијата.

„Од денеска рампата се спушта и за општина Гостивар, со цел да ја добиеме поддршката на градоначалникот и на Општинскиот совет, да не помине основањето на претпријатието. Да задоцни постапката со единствена цел – да се исполни нашето барање кое беше јасно и со кое е запознаен и градоначалникот“

„Русино е времена депонија. Планот е да ја користиме максимум 10 години. Проектот за Русино е многу важен за нас бидејќи отпадот треба да се фрли таму уште неколку години. Доколку ја затвараме, каде ќе се фрли отпадот од сите жители на полошкиот регион. Идејата за нула отпад таму е многу добра и многу еколошка, но навистина не постои такво нешто како нула отпад“, рече Нуредини.

Во вторник ќе се одржи протест во Гостивар. Инаку, пред 50-тина дена членовите на движењето „Стоп Русино“ го блокираа влезот на депонијата. Демонстрантите бараат да се затвори депонијата и да се изнајде нова локација, додавајќи дека ќе продолжат да настојуваат сѐ до реализирање на нивните барања.

Во еден час се заразувале по 11 лица – за 24 часа во Скопје 272 новозаразени

Последните 24 часа, во главниот град секој час се заразувале по најмалку 11 лица, говори статистиката испратена од Министерството за здравство. Со...

Нови рекорди на заразени во Хрватска и во Словенија

Рекордни бројки на заразени со коронавирус и денеска во Хрватска и во Словенија. Хрватските власти потврдија за новозаразени...

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за Законот за заштита од заразни болести

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен...

Претреси во Синѓелиќ, запленети пиштоли

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица занедозволена трговија...

Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

„Маските се скапи“, смета професорот Вело Марковски, кој ова го истакна во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој истакна...