Рудникот Саса се соочува со казна од 100 илјади евра за истекувањето на јаловина во Каменичка Река

НАШ ПРЕДЛОГ

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на С.Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во...

Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар...

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во...
-Реклама-

Вчера во Каменичка Река, истече јаловина од руднкот Саса, по што Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден испекциски надзор.

„ Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице „Рудник Саса“ направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира дека во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“ се вели во извештајот.

- Реклама -

Од страна на водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (максимална Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.

Записникот за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.