Ристоска по последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата

НАШ ПРЕДЛОГ

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден...

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење...

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија“

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството...

Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија, напиша на социјалните мрежи обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво-сладок.

- Реклама -

-Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше, напиша синоќа Ристоска.

- Реклама -

За неа СЈО, како што посочува, било симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост.

- Реклама -

-Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет, пишува обвинителката Ристоска.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани...

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија“

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

До утре туристичките агенции може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за работа со ваучери

Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата...

Запалени автомобили во Ново Лисиче (ВИДЕО)

Запалени се неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче во близина на последната станица на автобусот 5-ка. Засега не...