Рекордно високите температури ги наполнија плажите во Грција

НАШ ПРЕДЛОГ

Желино се жали поради полицискиот час, Сејдиу: Во последните 10 дена, немаме ниту еден случај на Ковид-19

Желино се жали - зошто во општината е воведен полициски час, кога нема зголемување на бројот на...

Жителите од Чегране чекаат спортско игралиште, наместо да почнат да градат, Гостивар и АМС со меѓусебни обвинувања

Жителите на Чегране се уште ја чекаат реконструкцијата на нивното спортско игралиште иако на 8 ноември претставници...

Критики за онлајн наставата, инспекторатот не ги потврди пропустите бидејќи е во самоизолација

Унијата на средношколци излезе со бројни критики за начинот на кој е спроведено учењето на дистанца. Фрлаат...
- Реклама -

Речиси двомесечниот карантин, со забраната за движење на граѓаните, во комбинација со рекордно високите температури и топлото време, ги наполнија  плажите во Грција, кои наликуваат како да е средина на август, а не средина на мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Од рано утрово, на голем дел од организираните плажи во Атина, има редици за влез, додека пак до пладне некои беа веќе преполни.

- Реклама -

Во текот на вчерашниот, прв ден од отворањето целосно се почитуваат сите правила и прописи, како од сопствениците и менаџерите на плажите, така и од посетителите, а тоа, вчера го констатираа и министерот и заменик-министерот за развој на Грција при нивната посета на една од плажите во близина на Атина.

Адонис Георгиадис и Никос Папатанасис рекоа дека „се е под конец“ и им се заблагодарија на граѓаните за дисциплината и придржувањето кон мерките.

И додека на организираните плажи, иако исполнети до последна лежалка, се почитуваа правилата, на слободните градски плажи, кои што се бесплатни имаше турканици, а во одредени случаи, не се одржуваше потребното растојание.

Турканици, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, вчера имаше и во јавниот превоз во Атина.

Иако е задолжително носењето на маска, во спротивно следува казна од 150 евра, и автобусите треба да возат со 50 отсто од капацитетот, според фотографијата споделена на „Твитер“, а објавена и од грчките медиуми, овие правила не се почитувале во автобусот што сообраќа до плажите во Атина.

Несвојствено високи температури во Грција беа измерени и во текот на вчерашниот ден, но и утрово, според Националната опсерваторија во Атина.

Највисоката температура, вчера беше измерена во градот Ираклио на островот Крит- 41.8 степени Целзиусови, 40 на неколку места на Пелопонез и 39,3 во населба во северниот дел на Атина.

Слична е прогнозата и за денешниот ден од 39 до 41 степен во повеќе делови на земјата, додека пак речиси на сите плажи, според истите прогнози, условите во морето се идеални за капење. ср/сд/

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите од Чегране чекаат спортско игралиште, наместо да почнат да градат, Гостивар и АМС со меѓусебни обвинувања

Жителите на Чегране се уште ја чекаат реконструкцијата на нивното спортско игралиште иако на 8 ноември претставници на општина Гостивар, заедно со...

Критики за онлајн наставата, инспекторатот не ги потврди пропустите бидејќи е во самоизолација

Унијата на средношколци излезе со бројни критики за начинот на кој е спроведено учењето на дистанца. Фрлаат сомнеж брз автентичното спроведување на...

ТВ21 во црвена зона на Инфективна клиника – само во последните 24 часа хоспитализирани тројца нови пациенти

„Ова зад мене е инфективната клиника. Секојдневно бројот на новозаразени се зголемува, а граѓаните дел не ги почитуваат мерките, други пак не...

Од вечерва до понеделник полициски час, граѓаните револтирани, Филипче инсистира на строги контроли

Слободното движење на граѓаните траеше само десет дена. Откако претходно на 26 мај го укина, вчера вечер Владата повторно го воведе полицискиот...