Рекордна неизлезност на вториот круг општински избори во Франција

НАШ ПРЕДЛОГ

Пожар во станбена зграда во Чешка, 11 лица загинаа (видео)

Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три...

Мал авион се сруши во Грција (ВИДЕО)

Мал авион се сруши откако удри во куќа во северниот дел на Грција.

Лидерите на Либан знаеле за бродот-бомба? – Претседателот со една изјава ги разбесни новинарите

Претседателот на Либан, Мишел Аун знаел за залихите на експлозивниот материјал кој бил складиран во бејрутското пристаниште...

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека излезноста на гласачите на вториот круг општински избори до 17 часот, односно еден час пред затворањето на гласачките места во најголемиот број од местата каде што се гласаше, беше 34,67 отсто, јави дописникот на МИА од Париз.

- Реклама -

Според институтите за испитување на јавното мислење, апстинентите треба да бидат меѓу 59 и 59,5 отсто од гласачкото тело, и покрај стриктните санитарни мерки кои требаше да ги охрабрат гласачите да излезат на гласање.

- Реклама -

На гласачките места каде гласањето заврши во 18 часот, веќе се започна со пребројување на гласачките ливчиња. Првите резултати ќе бидат соопштени по 20 часот. Исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или Лил, главно под притисок на еколозите.

- Реклама -

Денешното гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, но поради епидемијата поради коронавирусот, гласачите беа  повикани да гласаат речиси три и пол месеци по првиот круг,  во 4.820 општини каде 16,5 милиони избирачи имаат избор меѓу 157.000 кандидати.

Вториот круг главно се однесува на градовите, бидејќи руралните комуни масовно ги завршија изборите во првиот круг.

Првиот предизвик на изборите  е проблемот со учеството, по падот на првиот круг, кога помалку од половината од избирачите  (44,3 отсто наспроти 63,5 отсто во 2014 година) излегоа да гласаат.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мал авион се сруши во Грција (ВИДЕО)

Мал авион се сруши откако удри во куќа во северниот дел на Грција. Според информациите, пилотот го преживеал...

Лидерите на Либан знаеле за бродот-бомба? – Претседателот со една изјава ги разбесни новинарите

Претседателот на Либан, Мишел Аун знаел за залихите на експлозивниот материјал кој бил складиран во бејрутското пристаниште пред скоро три недели пред...

Брод испушта тони гориво во кристално бистрата вода – прогласена вонредна состојба

Островската држава Маурициус прогласила „вонредна состојба во округот“ откако насукан брод „М В Вукашио“ во близина на пристаништето започнал да испушта нафта...

Тенк и подморница споени во едно – руската војска ги покажа новите иновации на моќниот Т-72

На видео снимките од маневрот на Централниот воен округ кој ги објави Министерството за одбрана на Русија може да се види подводното...