Реката во Кичево ветување само на хартија – Дехари: Следната година ќе конкурираме за овој проект

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Вака требаше да изгледа реката Сушица која минува низ Кичево.

„Во реалност реката Сушица е во состојба каква што можете да видите зад мене. Оваа река минува низ Кичево. На изборите во 2017, Фатмир Дехари вети дека речното корито ќе се уреди и околу него ќе се направи велосипедска патека и шеталиште за граѓаните на Кичево. Но како што можете да видите поминаа 3 години од ова ветување а не е поместен ниту еден камен.
Овде гледаме неуредено корито без велосипедска патека и без шеталиште. И не само тоа, таа не е исчистена и е преполна со отпад“, јавува репортерката на ТВ21.

Реката Сушица беше едно од ветувањата на градоначалникот Фатмир Дехари на локалните избори во 2017. Но иако му остана уште околу една година од мандатот, за оваа река не е направено ништо од проектот кој ќе му дадеше поинаков изглед на Кичево. Дехари вели дека имале неколку процедурални проблеми и повторно вети дека следната година ќе конкурираат за реализирање на овој проект.

„Треба да имаме предвид дека при изработката на еден проект имаме процедурални проблеми и за наша среќа, овој случај ни одзема многу време за изработката на овој проект и сега сме во завршна фаза и се надевам дека основниот проект ќе се изготви во текот на оваа година и следната година ќе можеме да аплицираме за реализирање на истиот“, рече Дехари.

Заедно со уредувањето на реката Сушица беше ветена изградба на подземен паркин во оваа општина, но исто како и реката Сушица и паркингот остана само ветување.

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе ја смени траекторијата, бидејќи тој...

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро во регионите кои се најповеќе...