Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12083, оздравени се 161 пациент – починатo e 1 лицe

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.  

- Реклама -

Почината е една пациентка од Скопје (51г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083,  бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

- Реклама -

• Скопје 5207, активни 1157

• Куманово 1173, активни 266

- Реклама -

• Дебар 219, активни 128

• Штип 988, активни 342

• Прилеп 346, активни 38

• Тетово 1099, активни 175

• Струга 485, активни 151

• Велес 238, активни 26

• Битола 169, активни 76

• Охрид 301, активни 75

• Кавадарци 126, активни 97

• Гостивар 585, активни 285

• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 41, активни 25

• Крива Паланка 29, активни 15

• Радовиш 36, активни 11

• Крушево 16, активни 3

• Кочани 115, активни 26

• Пробиштип 64, активни 18

• Демир Хисар 47, активни 33

• Македонски Брод 55, активни 42

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 9, активни 5

• Валандово 7, активни 1

• Виница 36, активни 32

• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 244, активни 103

• Кичево 219, активни 133

• Ресен 146, активни 11

• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1885 теста се преку: ИЈЗ-814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -255, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 1 пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.