Реакции по сторијата на ТВ21 – психолошка помош за малолетничката, под истрага полициските службеници

НАШ ПРЕДЛОГ

Како Ковид-19 ги уништува белите дробови? И по излекувањето може да има последици

Вака изгледаат здрави бели дробови. А, вака изгледаат бели дробови на заразен со коронавирус пред да почине....

Веб-страницата „купувам домашно“ неактивна, граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите

Вчера требаше да се објават податоците, но веб-страницата - www.kupuvamdomasno.gov.mk и денеска вон функција. Поради тоа, граѓаните,...

Лекарка од гинекологија во Тетово позитивна, немала контакт со пациенти, таа и нејзините колеги во изолација

Лекарка од Одделот за гинекологија при Клиничката болница во Тетово е меѓу новите позитивни на Ковид-19. Таа...

Сторијата на ТВ21 за случајот со силуваното 11 годишно девојче предизвика реакции и ги размрда надлежните институции.

Некои вината ја префрлаат на родителите, а некои ја обвинуваат полицијата бидејќи осомничениот е се уште на слобода.

- Реклама -

“Нормално дека ќе се случуваат, децата се без контрола, сите на мобилен. Од 3 годишна возраст на ајфон, а мајката 24 часа на Фејсбук и Тик-ток. Внимавајте, внимавајте луѓе со децата и социјалните мрежи, светот е без контрола“.

“Во овој случај виновни се родителите. 11 годишното дете треба да има надзор, особено сега,  низ социјалните мрежи, со кого имаат контакт“.

Има и такви кои ги анализирале сите делови од сторијата.

“Силувано е малолетно девојче, девојчето кога ќе порасне ќе има трауми од силувањето и огорченост. Ја силувал братучед, открила мајката, полицијата манипулира со случајот и зема исказ без присуство на мајката и го прогласува силувачот за невин. На девојчето му се закануваат дека татко и ќе го испратат во затвор. Има закани и до ТВ21 од силувачот кој се шета на слобода. Дали е ова држава? Дали вака функционира кумановската полиција?“

“Овде има многу теми, за кои ние како општество треба еднаш засекогаш да преземеме нешто, но најлошо е тоа што правдата не функционира, особено во вакви случаи“.

Реагираа од Хелсиншкиот комитет. На девојчето му понудија психолошка помош и во соработка со МВР ќе ја следат нејзината здравствена состојба.

Инаку дополнителната министерка за внатрешни работи го осуди чинот  и извести дека започната е истрага за полициските службеници.

„Монструозно од страна на вршителите и тие кои ги поддржале и го сокриле тоа. Ова го доставив до Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во правец на разгледување на изјавите на девојчето и нејзиното семејство. Очекувам реакција и расчистување на случајот, одговорност и казна за ова. Не можат да дозволат болни умови кои уништуваат млад живот, да поминат неказнето“, вели Славјанка Петровска.

Останатите институции молчат, а заканите до девојчето продолжуваат и по сторијата на ТВ21.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веб-страницата „купувам домашно“ неактивна, граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите

Вчера требаше да се објават податоците, но веб-страницата - www.kupuvamdomasno.gov.mk и денеска вон функција. Поради тоа, граѓаните, учениците и студентите сѐ уште...

Лекарка од гинекологија во Тетово позитивна, немала контакт со пациенти, таа и нејзините колеги во изолација

Лекарка од Одделот за гинекологија при Клиничката болница во Тетово е меѓу новите позитивни на Ковид-19. Таа е изолирана заедно со колегите...

Во тек е владина седница, се одлучува по предлогот на комисијата за воведување на полициски час

Владата на седница која е во тек, одлулува за препораките од Комисијата за заразни болести за полициски час во престојниот продолжен викенд...

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе одржи прес конференција

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во 20 часот ќе одржи прес конференција дознава ТВ21 на која треба да бидат соопштени деталите...