ИЗБОРИ

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

НАШ ПРЕДЛОГ

Малолетник прободен со нож во Чаир

Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож синоќа околу 22:10 часот во парк во скопската населба Чаир.

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар...

Пронајдени 32 мигранти откако товарното возило удрило во неколку автомобили – повредени 8 лица

На 07.07.2020 во 11.50 часот од ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило...
- Промо -

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на ријасетот на Исламската верска заедница. На местото на Реџепи со ИВЗ ќе раководи претседателот на Муфтиството во Гостивар, Шаќир Фетаху до исполнување на условите за одржување нови избори во ИВЗ.

„Врз основа на извештајот од вонредната седница на мнозинството членови на Ријасетот на ИВЗ, врз основа на член 36 и 58 од уставот на ИВЗ од 2008, двотретинското мнозинство од ријасетот едногласно одлучија да се разреши Реис Улема Реџепи од позицијата Реис Улема поглавар на ИВЗ до подготовка на услови за нови избори во ИВЗ, вршител на должност да биде Аџи Хафа Шаќир ефенди Фетаху, муфтија од Гостивар и оваа одлука стапува на сила од моментот на нејзиното носење“.

На овој состанок учествувале 17 членови од Ријасетот на иВЗ кои се потпишале, но не е дадена никаква причина за разрешувањето на Реџепи.

- Реклама -

ТВ21 контактираше и со портпаролот на ИВЗ но од таму велат дека сега за сега нема реакција од седиштето на ИВЗ во Скопје. Пред неколку дена се зборуваше дека од сметката на ИВЗ се повлечени финансиски средства од еден милион евра. Но за тоа од ИВЗ велат дека средствата се искористени за исплата на плати за професорите и вработените во ИВЗ и за одржување на овие институции. Скендер Бузаку кој пред извесно време се прогласи себеси за поглавар на ИВЗ вели дека денешното разрешување е сценарио на Сулејман Реџепи.

„Денеска најлогично ќе беше да даде отчет секој член на Ријасетот и оставка како последица на колапсот во оваа институција. Лицата кој ја уништија никако не можат да ја опорават ИВЗ. Од правен аспект се уште постои судски процес и доколку нема епилог не може да се прави таков исчекор иако се гледа дека е диригирано до Сулејман Реџепи.“, вели Бузаку.

Муфтијата од селото Порој Максут Абази кој пред неколку дена излезе против Сулејман Реџепи вели:

ТВ21: Како го оценувате разрешувањето на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи и дали може да го заменат лицата кои се вршители на должност?

„Јас како имам во џамијата во село Порој, каде служам веќе 20 години, уште од 2000, ги следев настаните во ИВЗ овие години и постапував автономно и не се мешав никаде.. Бев и сум свесен дека во оваа пирамида, оваа структура која е изградена во ИВЗ во текот на плурализмот, ниеден камен не беше на свое место. Беше очекувано дека оваа пирамида ќе се урне од каменот на врвот па се до темелите, за потоа да се изгради повторно и секој камен да се постави на свое место“, рече Абази.

Реакција на граѓаните за разрешувањето на Реџепи:

„Зошто го разрешиле. Тој силно се држеше, никој друг нема да влезе таму“

„Мислам дека многу добро направиле што го разрешиле, не е етично да се жени со 50 годишна девојка помлада од него, со една 24 годишна девојка“.

„Доколку е вистина, многу добро направиле, мислам дека и еден друг оџа треба да го разрешат кој бил негов соработник, тој не беше сам“.

За Реис Улема Сулејман Реџепи неколку пати имаше обиди за негово разрешување. Имаше кавги и судски процеси. Ќе се паметат изјавите од Реџепи кога му се молеше на Господ да го благослови екс премиерот Никола Груевски, како и последната за Рамазан Бајрам , кога го прогласи за мртов Корона вирусот.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар од 72 часа за сите...

Пронајдени 32 мигранти откако товарното возило удрило во неколку автомобили – повредени 8 лица

На 07.07.2020 во 11.50 часот од ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „рено мастер“, со кочански регистарски...

Австрија со предупредување да не се патува во Бугарија, Романија и Молдавија

Австриските власти ги предупредија граѓаните да не патуваат во Бугарија, Романија и Молдавија поради ширењето на новиот коронавирус во тие држави.

Српски туристи позитивни на Ковид-19 во карантин и во болница во Грција

Најмалку тројца српски туристи се во карантин, а двајца во болница, додека летниот одмор го поминуваат во Грција, односно на Халкидики и...