Разногласие кај политичарите околу етничките вработувања – Бектеши апелира политичарите да ја прочитаат владината програма

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По преставувањето  на  проектите во наредниот четири годишен мандат, главен акцент на пресот на министерот за економија етничките вработувања. На оваа тема Бектеши   го повтори  вчерашниот став. Етнички вработувања  ќе има, но како што рече,  во владата се разгледуваат повеќе можности како мерката да почне да се реализира од наредната година. На коментарите од политичарите и аналитичарите, Бектеши апелираше истите  да ја прочитаат владината програма.

„Ова важи и за политичарите да ги читаат владините програми пред да даваат коментари посебно тие политичари кои ја добиле довербата за да владеат во четири годишниот мандат. Ако не ја знаат, значи страната е 39 параграф 3  од владината програма. Нека ја прочитаат затоа што за таа програма и тие гласале“, посочи Крешник Бектеши.

Неговиот коментар следеше откако синоќа лидерот на Беса -Биљал Касами во емисијата  Клик Плус на ТВ 21, кажа дека приватните компании треба да воведат двојазичност бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик

„Ние имаме стручен кадар кој е кадарен во својата области, а кој многу малку го познава македонскиот јазик. Пред да разговараме за рамноправната застапеност на Албанците во приватните компании, ние треба да настојуваме во овие приватни компании кои се од државен стратешки интерес, не зборуваме за компании со 5,10 или 15 вработени, туку за компании кои се од стратешки интерес за домашната економија, државата и Владата треба да настојуваат во рамките на Законот за употреба на јазиците, и во овие компании да се спроведува албанскиот јазик“, вели Биљал Касами.

Мерката за етничко вработување според министерот за економија ќе значи дополнителен поттик за компаниите, а за тоа колку пари ќе бидат потребни , Бектеши рече дека ќе треба да се направат дополнителни проекции  во предлог Буџетот за 2021 година. Што се однесува до проекциите на ММФ за падот на БДП, Бектеши изрази надеж дека проекциите на министерството за финансии ќе останат до крајот на годината .

„Ако правиме споредба со државите од регионот некои веќе ги реализираат вториот или првиот сет економски мерки. Податоците кои ги добивам од страна на министерството за финансии покажуваат  дека сите сетови на мерки биле успешни. Што се однесува до економскиот пад, верувам дека проекциите на финансии ќе останат до крајот на годината“, посочи Крешник Бектеши.

 Основање фирма со основна главнина од 1 евро ќе биде еден  од приоритетите на министерот за економија. Со мерката како што потенцираше Бектеши се отвора можност граѓаните со минимални трошоци да ги реализираат своите бизнис идеи. Првиот човек во економијата  најави и создавање на регистар на парафискални  давачки преку кој како што објасни целта е намалување на парафискалните давачки до 75 проценти, а најави и трансформација во енергетскиот сектор.