Разбојништво во Тетово: Ја повредил вработената во продавница и одзел пари

Вчеравечер ( 14 април ) околу 20 часот и 45 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавено е разбојништво во продавница на улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Сторителот со остар предмет и нанел повреда на вработената и одзел пари. Се работи на расчистување на случајот.