Разбојник со пиштол ограбил казино во Дебар

Маскирано и вооружено лице вчера извршило грабеж во казиното „Стар” во Дебар, кое се наоѓа на главната улица „8 Септември” во градот, пишува МКД.мк

Според полициски извор разбојникот насилно влегол во објектот и под закана со пиштол одзел, според првичните информации, голема сума на пари.„Разбојништвото, во полициската станица од општа надлежност во Дебар, е пријавено вчера во 4:50 часот.

Се преземаат потребните мерки за пронаоѓање на сторителот“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.Во постапката ќе бидат користени и снимките од безбедносните камери.