Расте извозот на Кина во САД, Американците ги зголемија увозните царини

Извозот на Кина во октомври се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше, особено во САД нивни најголем пазар, што е последица на зголемени порачки од САД.

Кинескиот извоз во октомври се зголемил за 15,6 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоци објавени денеска. Тоа е побрз раст во однос на септември од 14,5 отсто. Растот на увозот во октомври е 21,4 отсто од 14,3 регистриран во септември.

Октомври беше првиот месец откако најновите американски царини за кинески производи стапија на сила на 24 септември.

Сепак, аналитичари предупредуваат на ризици од можен пад на побарувачка на кинески стоки во САД во почетокот на 2019 година и исчекуваат дали претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг ќе постигнат каков било напредок за трговски прашања кога ќе имаат состанок во крајот на овој месец