Расте бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Италија, во Франција нови 19 случаи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Италија уште четири лица починаа од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 21, а бројот на заразени се зголеми од 650 на 821.

Епидемијата на новиот коронавирус во Италија почна минатата недела во северните региони Ломбардија и Венето.

Ломбардија ќе побара од Владата во Рим мерките против ширењето на вирусот да останат во сила уште една недела, соопшти регионалната Влада. 

 Деветнаесет нови случаи на заразени со коронавирус денеска беа потврдени во Франција, со што бројот на заразените достигна вкупно 57 лица од почетокот на здравствената криза, јави дописникот на МИА.