Рамковска: Од 2016 сум излезена од затвор и сѐ уште чекам правда

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Емел Рамковска, ќерка на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковска, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека таа е излезена од 2016 година од затвор и сѐ уште ја чека правдата.

„Јас сум 2016 година излезена од затворот Идризово, сега сме 2020 и јас сѐ уште чекам правда. Јас чекам право, барам да ми се суди повторно, за мене ова се уште не е минато свршено време. Сегашноста ми е мене тешка на еден друг начин“, посочува Рамковска.