Рамчиловиќ: Борбата за вистината и правдата не застанува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ на својот фејсбук профил истакнува дека борбата за вистината и правдата не застанува.

Тој додава дека денес е ден кога некои си ја покажува нервозата, лицемерието и немоќта.

„Кога на видело излегуваат направените чекори, му благодарам на Бога што моите и чекорите на моите колеги беа исправни. Како и секогаш, ништо нема да ме поколеба во одлучните чекори за доброто на нашата држава и нашите граѓани“, посочува тој.

На крајот од статусот, Рамчиловиќ, испраќа голем поздрав за неговите колеги од Независната пратеничка група.