Ракетен напад врз база во Ирак

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ирачка воена база, во која се сместени американски сили, беше цел на ракетен напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Воената воздухопловна база „Ал-Таџи“, којашто се наоѓа на 85 километри северно од главниот град Багдад, беше цел на 10 ракети „Катјуша“, се вели во соопштението на државната Мрежа за безбедност на медиуми. 

Во воздушната база се сместени здружени сили, ирачки и американски војници, како и други странски сили дел од меѓународната коалиција предводена од Соединетите Американски Држави (САД).

Сè уште нема извештаи за жртви и за причинетата материјална штета.