Пукање во трговски центар во Белград – едно лице повредено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во нов Белград во трговскиот центар „Ушче“ околу 16 часот се случил инцидент во кој имало пукање со огнено оружје.

Настанот се одвивал во гаражата на овој центар, а според неофицијални информации едно лице е рането на главата.

Станува збор за класично чекање и следење по кое неидентификуван напаѓач го фрлил пиштолот и побегнал во непознат правец.

Силни полициски сили го пребаруваат трговскиот центар, кој веднаш беше блокиран во тој дел на Нов Белград, а полициската акција Вихор е во сила!

Според последните информации, 35-годишниот А.Ш бил ранет во гаражата.