Прво ветување на Јетон Шаќири: „Кратење на институциите и систематизација на административците“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кратење на државните институции, интеграција на веб страниците на Владата и министерствата на една платформа интегрирајќи ги и со е-служби, трансфер на административците од јавен сектор во приватен, составување закон за проценка на ефикасноста на административците со тенденција да се зголеми платата за 5%, се некои од приоритетите на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во неговиот прв мандат како министер. Зборуваше и за законот за високи служби и за тоа кога се очекува да се отворат конкурси за нови директори, но за тоа рече дека одлучува владата.

„Ние како МИОА сме на располагање да обезбедиме податоци за цела администрација, сите 1300 вработено со Рамковниот договор, 1300 вработени, јас во најкус рок и според Владата, ќе се систематизираат.“, рече Шаќири.