Прво констултации со партиите, па мандат – Пендаровски чека да се конституира Собранието, па да назначи мандатар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски нема да си „игра“ со мандатот, па прво ќе одржи консултации со партиите, а потоа ќе до додели на тој кој има мнозинство во Собранието.

„Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, велат од кабинетот на претседателот.

Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите, а мандатарот пак во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба му поднесе програма и да го предложи составот на новата Владата.

„Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието“, соопштија од кабинетот.

Во случај мандатарот да не успее да состави влада, должен е да го врати мандатот, но во македонскиот устав нема јасна одредба што се прави откако мандатарот нема да состави влада во предвидениот рок.

„Таков случај имаше на изборите во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ како партија со најмногу освоени пратенички места го доби мандатот за состав на нова влада, но откако меѓупартиските преговорите не успеаја, тогашниот мандатар Никола Груевски го врати мандатот кај претседателот, кој му го довери на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, истовремено барајќи од него да потпише писмени гаранции дека нема да ја загрози унитарноста на државата, како и потписи од сите пратеници што ја дале поддршката за владата на Заев“, јавува репортерот на ТВ21.

Досегашната практика беше секогаш мандатот да ѝ се доверува на партијата што освоила најмногу пратенички места, а доколку не успее да состави влада, мандатот ѝ се доверува на втората партија што обезбедила најголем број мандати.

Краен рок за формирање на Влада е 20 дена по одржувањето на изборите, односно 5-ти август

Периодот што следува ќе биде неизвесен, исполнет со тешки преговори и долги пазарења меѓу партиите, особено поради тоа што резултатите се тесни.

Според првичните резултати што ги објави ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.