Прва успешна трансплантација на срце – животот на Емилија згасна, но спаси три други

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Животот на 54 годишниот Иван Огњановски е спасен, откако срце на пациентка која имала мозочна смрт преку трансплантација е ставено кај него.

Емилија Динева која имала 43 години, го загуби животот во сообраќајна несреќа, но сега нејзините органи ќе спасат три животи, бидејќи освен срцето, нејзиното семејство ги донирало и бубрезите за двајца пациенти кои неколку години оделе на дијализа.

Синот на Иван, чиј татко благодарение на трансплантацијата на срцето ќе живее,со неизмерна благодарност до семејството Диневи и до целиот медицински тим, вели дека сега неговото и семејството од Дојран ги поврзува едно заедничко срце.

Првата трансплантација од мртов донатор ја извршија Проф. Д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со лекарскиот тим д-р  Васил Папестиев, Др. Марјан Шокаровски, Др. Ванџел Здравески, Др. Кујтим Џелили, Др. Тања Анѓушева, Др. Стефанија Хаџиевска, Др. Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, Др. Јасмина Илиевска, Д-р. Марија Гераковска и Д-р. Димче Славевски.

Најмладата личност која има потреба од трансплантација на срце има само 13, а најстарата 61 година. Над 20 лица имаат потреба од трансплантација на срце. Околу 10 од нив немаат механичка поддршка, додека други имаат вградени пумпи или механичко срце.

Инаку, пациентите кои примале органи биле избрани од националните списоци на чекање за бубрези и срце според утврдените медицински критериуми за соодветност, кои ги води Министерството за здравство.како за лекарската фела така и воопшто за држава ова со право е историски ден.