ПРВА ЛИГА: Вардар и Шкендија одиграа без голови, Шкупи со триумф ја прекина лошата серија

Во дербито во кое немаше некое значење со оглед дека бодовната разлика е голема, Вардар и Шкендија одиграа без голови на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје. И покрај тоа што и двата тима имаа шанси, сепак, ниту еден од тимовите не дојде до триумф.

Интересно и возбудливо беше во Тетово каде што играа Ренова и Работнички. Работнички победи со 1:2, но во финишот од средбата имаше пенал за Ренова, но истиот беше промашен, односно голманот Јанков ја одбрани победата.

Шкупи на домашен терен го совлада Силекс со 2:1, и ја прекина лошата серија од пет натпревари со порази. Беласица и Победа одиграа нерешено 1:1, и се поблиску до Втората лига, додека Македонија ЃП и Академија Пандев одиграа исто така 1:1.

РЕЗУЛТАТИ 28. КОЛО

Вардар – Шкендија 0:0

Македонија ЃП – Академија Пандев 1:1

Беласица – Победа 1:1

Ренова – Работнички 1:2

Шкупи – Силекс 2:1

ТАБЕЛА:

  1. Шкендија 63
  2. Вардар 51
  3. Ак. Пандев 47 (-1)
  4. Работнички 39
  5. Ренова 36
  6. Шкупи 36
  7. Македонија ЃП 35
  8. Силекс 28
  9. Беласица 24
  10. Победа 20 (-1)