Протести пред Собранието, поставени шатори, демонстрантите ќе кампуваат

Додека во Собранието се оддржува пленарна седница за втората фаза на уставните измени, надвор пред законодавниот дом мал број граѓани под организација на граѓанската иницијатива Македонија Блокира протестираат. На булеварот се поставени двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување пред и околу Собранието. Од здружението „Македониум” велат дека агендата во Собранието анти македонска и дека имаат неколку барања кои ќе ги испорачаат преку протестот. Воедно пред законодавниот дом се поставени шатори, а демонстрантите велат дека од тука нема да заминат се до Нова Година.

„Ни ја исклучуваа трафостаницата за да немаме струја за озвучување. Се приклучивме во трговскиот центар и таму пратија обезбедување да ни ја исклучи струјата. Но, јас како војник морав да се снајдам, отидовме во продавница и купивме агрегат, народен агрегат, е тој агрегат ќе ни даде струја и за оваа говорница“, изјава на демонстрант.

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...