Протест во Тетово – над 300 работници на ЈКП, шест месеци без платени придонеси

НАШ ПРЕДЛОГ

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на С.Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во...

Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар...

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во...
-Реклама-

На 300 работници на ЈКП Тетово не им се платени придонесите шест месеци. Поради тоа се одлучија да излезат на протест и на тој начин да го изразат нивниот револт. Предупредија, доколку придонесите не им бидат платени, ќе престанат да го чистат градот. Повеќето од нив имаат хронични болести, а целата плата ја трошат на лекови.

„Протестирам поради тоа што шест години и шест месеци сум без здравствено осигурување, без решение за работа, плус тоа секој месец ми фалат 2 илјади денари и немам каде да се жалам“, вели работник.

- Реклама -

„Протестираме за здравствено осигурување, наместо да ги купиме лековите за 200 денари ние плаќаме 2000 денари, и платата ми оди за лекови. Јас за време на пандемија немам одено на работа 2 месеци бидејќи имам срцева болест. Има и такви кои трошат по 8 илјади денари за лекови“, додава друг работник.

„Но, не е направено, ни ветија пред повеќе од еден месец!“

- Реклама -

Директорот на претпријатието вели дека неисплатата на придонесите е резултат на тоа што граѓаните не ги плаќаат сметките.

„Претпријатието е погодено со 26 милиони денари и ние не успеавме освен за плати и други обврски, како што се нафта и други, да ги исплатиме придонесите поради тоа што граѓаните не ги плаќаат сметките на ЈКП Тетово“, вели Џељал Цека.

- Реклама -

Тој се надева дека Владата со ребалансот на Буџетот ќе најде решение и за овие работници, но не пред да поминат 2 месеци.

„Верувам дека ќе најдеме решение за месец и пол до 2 месеци за проблемот со придонесите на работниците“, додава Џека.

Над 300 работници за време на пандемија постојано одеа на работа, а владата на ова категорија не и понуди финансиска помош. На нив од март месец не им се платени придонесите за пензиско и здравствено осигурување, а има и работници кои веќе 6 години работат со договор на дело.