Протест во косовско Карачево поради влезот на српска патрола на територијата на Косово

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Синоќа Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа уапсени неколку дилери на дрога во Кичево....

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку...
-Реклама-

Жители од косовското село Карачево и неколку други населени места на границата со Србија, одржаа денеска протест, откако минатиот петок, на 7 август, патрола на српската жандармерија влезе на косовска територија во таа област, јави дописникот на МИА од Приштина.

Демонстрантите побараа од косовските власти, но и од меѓународните безбедносни сили, НАТО и КФОР, да ги спречат таквите „инциденти и провокации“ од страна на Србија.

- Реклама -

Покрај косовското и американското знаме, тие носеа транспаренти со пораки „Косово нема земја за подарување“, „НАТО/КФОР благодариме за целосната поддршка“, „Србија доста со провокации кон жителите на Република Косово“ и слични.

Селвер Лењани, еден од организаторите на протестот, го повика републичкото Собрание да донесе резолуција за заштита на територијата на Косово, а од надлежните институции побара поголема грижа за населението во тој дел од државата.

- Реклама -

Неколкуте десетици учесници на протестот извесно време го блокираа регионалниот пат Карачево – Каменица.

Денеска Комисијата за безбедносни и одбранбени прашања при Собранието на Косово побара мобилизација и единство на сите политички партии во врска со инцидентот и одлучи да се организира заедничка посета на Карачево.

- Реклама -

По бурните реакции кои уследија во косовската јавност откако беа објавени снимки на српската патрола во селото, КФОР објави дека се работело за заедничка активност која била усогласена со српската војска.

Ципрас ѝ препорача на актуелната грчка Влада да се придржува до Договорот од Преспа

За одредените доцнења во имплементацијата на Договорот од Преспа, половина од одговорност е на Владата на соседната земја, а половина на нашата...

На скопскиот аеродром пронајден починат шведски државјанин

Вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 14:40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром...

Во Лондон судир меѓу полиција и демонстранти, најмалку 32 уапсени

Полицијата во Лондон синоќа се судри со демонстранти кои протестираа против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по што беа уапсени 32...

Шахпаска: Капацитетот на градинките не е исполнет, будно се следи епидемиолошката ситуација

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска соопшти дека во однос на капацитетот за сместување на деца во градинките правена...

Утре одлука за дневниот престој во училиштата

Комисијата за заразни болести утре изутрина ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата, а одлуката...