Протест пред тетовската гимназија, учениците бараат настава со физичко присуство

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Средношколците од Тетово денеска излегоа на протест пред Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Нивното барање е наставата да почне со физичко присуство. Велат дека се доволно возрасни за да можат да се грижат за личната хигиена и да ги почитуваат владините мерки за одржување настава со физичко присуство. Учениците велат дека веќе виделе како функционира учењето од далечина и се убедени дека оваа метода нема да даде позитивни резултати.

„Не го поддржуваме договорот на УКИМ и МОН, бидејќи на масата не беа ставени нашите барања и не беше побарано наше мислење кога се потпишуваше договорот. Нашите барања се наставата да почне со физичко присуство. Свесни сме дека има вирус, но можеме да се придржуваме до протоколите кои ќе ги одреди МОН или Министерството за здравство. Но, свесни сме и ќе ги почитуваме правилата кои ги почитуваат и тие“, вели еден од средношколците.

„Ние како ученици бараме наставата да почне со физичко присуство, бидејќи многу објекти досега се отворени и многу активности се одржаа, а не беа во ризик од пандемијата. Ние сме средношколци и знаеме дека треба да се грижиме за чистотата и за нашето здравје“

„Ние како средношколци протестираме против онлајн наставата, бидејќи сите знаеме колку беше ефикасен овој вид настава во последните три месеци од претходната учебна година. Ние ќе продолжиме да протестираме сѐ додека надлежните органи не го земат предвид нашиот револт и не преземат мерки околу ова прашање.“

Како што велат учениците, досега не се приклучиле на онлајн платформата и ниту пак планираат да го сторат тоа. Има доста ученици кои немаат услови за одржување онлајн настава, бидејќи има многу семејства со по двајца или повеќе ученици на кои им се потребни лаптопи и посебни соби за учење. 

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе ја смени траекторијата, бидејќи тој...

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро во регионите кои се најповеќе...