Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице.

Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец .

- Реклама -

По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот  простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан).

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага .