Професори за Законот за јавно обвинителство: Политичарите ги штитат нивните афери со закон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тукушто усвоениот Закон за ЈО, некои од универзитетските професори го гледаат како закон со кој партиите повеќе се штитат себеси, отколку правдата и истрагите, со цел да не излезат на виделина аферите со корупција и нивното незаконско работење. Според Башким Селмани, политичките партии повеќе направиле калкулации за тоа дали се засегнати од овој закон, отколку што воделе сметка за правната држава.

-Овој закон во Член 110, Алинеја 1 и Став 2, директно се меша во проценката на правосудството, кога се знае дека сите аргументирани докази ги оценува самиот суд. Во овој случај законот се меша во правосудството во однос на тоа што да земе како аргументирано, а што не. Во еден закон со кој политичките партии првин се обезбедуваат себеси, а потоа го усвојуваат, тука имаме судир. Имаме суди меѓу групите на интерес за да се прикријат и обезбедат со закон од криминалот и криминалните дејствија, имајќи предвид дека најголемиот криминал е направен од сомнителни политичари, кои „се покриваат“ со законот-рече Селмани.

Екс-членот на Советот на обвинители, Мираљем Асани, вели дека овој закон е донесен како политички договор меѓу партиите на власт. Според него, законот е донесен за да има владеење на право, за што пак треба да се спроведат реформи во полицијата и судството.

-Тој е производ на политичката волја, а каде што имаме политика, таму имаме малку правда. Обвинителството како независен орган, не може целиот процес да го заврши само, без помош на полицијата, која му е десна рака и без судството. Залудно е Обвинителството да преземе нешто, а да нема помош од полицијата, тогаш не може да има добра истрага-рече Асани.

Инаку, со 80 гласа „за“ беше изгласан Законот за јавното обвинителство. Партиите на власт го гледаат како услов за членство во ЕУ, додека пак македонската опозиција како начин за спас на власта од истрагите за корупција.