Продолжува „теленовелата“ со плочата – отстранети плочките кои беа поставени вчера, ќе се постават други

НАШ ПРЕДЛОГ

ФОТО: Мицкоски слави 43-ти роденден – доби торта со напис „Среќен роденден Претседателе“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со торта на која пишува...

Татко и син во притвор заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син...

Хасани се сретна со Земајн – „Подобрувањето на состојбата дава можност за разгледување на мерките“

Откако вчера на Фејсбук напиша „наскоро на кафе во Приштина“, заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, се сретна...
-Реклама-

Продолжува „теленовелата“ околу спомен плочата на Мајка Тереза на скопскиот плоштад. Првин немаше пат кој води до неа, но по бројните реакции, вчера беа поставени неколку плочки за „колку да се каже“ дека има пристап до плочата. Но, денеска плочките беа отстранети. Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, вели дека ќе бидат поставени нови.

Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани, најави други реакции ако не биде изграден пат до спомен-плочата на Мајка Тереза.

- Реклама -

„Но доколку се остави настрана ова и се манипулира со нашата реакција, јас верувам дека вака како што се собравме денеска, ние ќе ги користиме и другите институционални и граѓански реакции“, истакна Скендер Асани.

На низата реакции им се приклучи и Спомен куќата на „Мајка Тереза“, Универзитетот „Мајка Тереза“ и Здруженијата „Мајка Тереза“ во Струга и Скопје. Дебатата околу блокирањето на пристапот до плочата на светската хуманистка трае веќе една недела, но за ова прашање сѐ уште не е изнајдено соодветно решение.

- Реклама -

Пристапот до спомен плочата беше блокиран од зеленилото засадено од засега анонимна компанија. Уследија бројни реакции од јавноста, барајќи да се изгради пат за туристите да можат да се доближат до плочата на спомен-куќата на Мајка Тереза.

Мицкоски: Нема реформи со Кацарска како уставен судија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека нема реформи со судијката Добрила Кацарска како уставен судија.

Шилегов: Продолжува остранувањето на дивоградбите од Скопје 2014

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се...

Димитров на средба со хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ денеска оствариле средба на која ги разгледале можностите...

Финки започнува со настава од 5 октомври

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објави дека редовната настава за учебната 2020/2021...

Регистрирани 112 нови случаи на ковид 19, починати се 8 лица, оздравени се 159 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:...